Get Adobe Flash player
Hartge Hunter
01.01.2008
hartge-hunter-bmw-x3.jpgМалечкиот SUV на BMW од секогаш бил критикуван за лошите перформанси на терен и токму затоа германскиот тјунер Нartge одлучи да го модификува за да стане вистински ловец.

Растојанието од подлогата е зголемено на 23 сантиметри со помош на нов сет од пружини и амортизери со поголема должина, дополнителни дистанцијали на предните тркала и нови леснометални бандажи од 18 инчи од сопствената програма на Hartge обуени во гуми 255/55.

Сите овие модификации му овозможуваат на „ловецот” да добие поголем агол на пристап, но и поголем агол на рампа и покрај дополнителната заштита од челични плочи монтирана под каросеријата.

Скратениот однос во диференцијалот во комбинација со зголемување на моќноста на 3.0 литарскиот турбо дизел од 218 на 253 коњски сили му овоможува на Hunter да совлада нагорница од дури 48 степени.

Понатаму теренските способности се поткрепени со можноста да мине низ вода до 50 сантиметри длабочина и индекс на артикулација на оските од дури 63 проценти. Секако за оние што сакаат уште повеќе џус за својот „ловец”, Hartge е способен да го навие 3.0sd до максимални 335 коњски сили, место сериските 283 коњи и тоа само со ремапирање на ECU.

Практичните детали како што се навлаките за седишта што можат де се исперат и многу простор за сместување на опремата за во лов, која вклучува и посебна цевка за носење на одстреланиот дивеч, кажуваат дека во Нartge навистина на ум имале вистински теренец за во лов кога се зафатиле да го модификуват Х3.

 

 

 

Facebook