|
19.07.2007 |
Германскиот тјунер Hartge конечно
откри повеќе детаљи за својот долго сокриван проект кој вклучува BMW серија 1
модификуван да вози на течен нафтен гас или LPG.
Означен како проект V300+ серијата 1
со погон на земјен гас остварува 550 коњски сили и достигнува брзина која ја
надминува магичната граница од 300 km/h.
Доколку се потврди дека овие податоци се вистинити
тјунираниот компакт од Hartge ќе биде најбрзиот автомобил на светот базиран на сериски
модел кој вози на LPG.
Брзинскиот рекорд за возило погонето со земјен гас го
носи IdéeVerte Competition, аеродинамичен тркачки автомобил кој достигна максимални
315 km/h во 2004.
Серијата 1 со LPG на Hartge
е развиена во соработк со повеќе експерти од Универзитетот за Технологија и Економија
во Сарбрукен во Германија и е конструиран со цел да се покаже потенцијалот за
перформанси на алтернативните горива.
Нафтениот гас согорува многу почисто од бензинот и
дизелот и во некои случаи произведува и повеќе моќност и поголем вртежен момент.
Hartge исто така има серија 1 со V8 која вози
на обичен бензин и развива „само” 450 коњски сили.
|