|
28.03.2008 |
Способноста на тјунерските работилници ширум светот е
неспорна, а опсесијата во доработката на најперформансните примероци поставени
на четири тркала се граничи со фанатизам.
И токму во моментот кога сите се опседнати да ја хакнат
единицата за електронска контрола ECU на моторот
на Nissan GT-R, се појавува набилданиот мотор на Lancer
Evo X од страна на тјунерската куќа HKS.
Инженерите во HKS го извадиле
серискиот турбо полнач и го замениле со нов со поголем притисок, го смениле и
всисниот тракт и ја ремапирале ECU и ја зоглемиле моќноста на 376 коњски сили. Патем
скокнала кривата и на максималниот вртежен момент на графиконот од
динамометарот за цели 40 Nm и сега 2.0 литарскиот турбо бензинец на сите четири
тркала испорачува мрсни 480 Nm.
Со цел да се извлече максимум од автомобилот со оглед на
зголемените преформанси на моторот во HKS комплетно ја
смениле суспензијата и поставиле со што е сменет и сетапот.
Evo X сега вози поблизу до подлогата, носи леснометални
бандажи од 19 инчи и има компелтно нова аеродинамичен кит изработен од
карбон-фибер. Сите овие измени условиле добивање на подобри возни
карактеристики.
HKS својата слава ја стекна преку преработка на моделите на Mitsubishi за филмот
2Fast 2Furious и доколку сте го гледале филмот ќе бидете уверени дека
тјунерската куќа знае што прави. Бидејќи зад неа стои традиција подолга од 35
години.
|