|
29.06.2007 |
Во Honda наголемо се подготвува нова високо преформансна верзија
на Civic седан која ќе биде претставена во Јапонија во септември
и веднаш ќе им биде достапна на јапонските купувачи.
Направен на основа на веќе спортскиот Type
R, Honda Civic Mugen RR се трансформира во уште полут тркач по зголемувањето на
моќноста и смалувањето на тежината во соработка со тркачкиот оддел Mugen.
Моќноста е зголемена за 15 КС над и онака страшните 240
коњи на Type R при 8.000 врт/мин и вртежен момент од 217 Nm.
Скокот доаѓа од модификација на всисниот систем, нови
брегасти оски и издув со голем проток. Тежината е смалена со замена на некои
делови од каросеријата со карбон и алуминиум. Сега Mugen RR е за 10
килограми полесен од донаторот Type R.
Дополнителните подобрувања вклучуваат гуми Bridgestone
Potenza направени специјално за Mugen RR, нова спортска суспензија и помоќен систем за сопирање.
Внатре автомобилот добива школкасти седишта од Recaro со
уникатна везено лого Mugen RR.
Honda Civic Mugen RR ќе се произведе
во лимитирана серија од само 300 примероци и сите ќе бидат обоени во иста боја
т.н. Milan Red.
 
|