|
24.06.2009 |
Volkswagen
Scirocco останува еден од најпопуларните модели за тјунерите.
Доработки фрчат на сите страни, а една од најновите е онаа на германскиот
тјунер HS
Motorsport наречена проект Remis.
HS
Motorsport е една од тјунерските куќи која има долга традиција во
модификување на моделите на Volkswagen
и тесно соработува со тјунерската куќа Hamman, но и
со производителот на сопирачки Brembo.
Инженерите во HS
Motorsport одлучиле да ја модификуваат во
моментот најмоќната верзија на Scirocco која носи 2.0 литарски трубо бензинец со 200 КС. Но, ова ниту од далеку не
било доволно за нив.
Затоа со вградување на својот врвен пакет за подигнување
на снагата кај моторот инженерите од HS
Motorsport успеале од 2.0 литарецот да извлечат 320 КС што на крај
резултира со спринт до 100 km/h за 6,0 секунди и максимална брзина од 242 km/h.
Масивното зголемување на моќноста е постигнато со
вградување на комплетно модификуван спортски издув од не`рѓосувачки челик со
зголемен проток и спортски катализатори, нов поголем и помоќен турбо полнач и
ремапирање на ECU.
Покрај 320. коњски сили HS Motorsport го
опремува Scirocco
со новите леснометални бандажи од 20 инчи Barracuda, пониски и поцврсти пружини
и нови вентилирачки дискови кои ги зафаќаат потесни и
полесни сопирачки клешти развиени во соработка со Brembo.
|