Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
И Mercedes вози со супер спортски караван
09.09.2007
c63-amgПроизводителот од Штутгард побрза да ги официјализира податоците за својот C63 AMG веднаш откако Audi ги објави деталите за својот суперкараван RS6.

Премиерата на С63 е закажана за салонот во Франкфурт каде караванот од Mercedes ќе може да се перчи со моќните 457 коњски сили добиени од 6.3 литарскиот V8 и спуштеното подвозје кое наговестува спортски возни својства.

Спортскиот караван забрзува од 0 до 100 за 4,6 секунди и вози до електронски лимитираните 250 km/h. Моќноста преку 7 степениот автоматик познат под ознаката 7G-Tronic оди до задните тркала.

Менувачот нуди три модуси на работа C, S и М – комфорт, спорт и мануелен и има една карактеристика која ги пара срцата на октанските манијаци. Префрлањето во понизок степен е проследено со силен меѓу гас.

Одделот на AMG не се откажува од големите вентилирачки и перфорирани диск сопирачки поставени на сите тркала. Нив ги кријат прекрасните петокраки леснометални бандажи од 18 инчи со гуми со ширина 235 напред и 255 назад.

Доколку ова не ви е доволно во AMG ќе ви монтираат и 19 инчни бандажи со за нијанса пошироки гуми.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook