|
17.03.2008 |
Не требаше многу за некој да собере храброст за да го
менува стилски совршениот Jaguar XF. И секако тоа први го направија американци, поточно најголемиот
дилер на Jaguar во САД, Galphin.
Тие веднаш на своите разгалени купувачи желни за персонализација
на своите автомобили им понудија цела палета на силистички и перформанси
надградби. Интересно, но кога се во прашање американските клиенти традицијата и
историското минато на Jaguar воопшто не се битни.
Китот наменет за новиот Jaguar XF се состои
од дополнително боење на каросеријата во две бои, соодветно боење и на кожениот
ентериер, ласнометални бандажи производ на Forgiato со пречник
од 22 инчи и исто така обоени за да одговараат на каросеријата. Следат
затемнети предни и задни светла и стакла.
Можеби сето ова на европејците и нема да им се допадне
премногу, а британците би го сметале за ерес, но факт е дека во Galphin
не би се труделе толку доколку нема интерес од страна на нивните клиенти.

|