|
19.03.2008 |
Јапонскиот тјунер Job Design кој е
специјализиран за доработка и преработка на моделите на Toyota
и Lexus на пазарот понуди нов кит за целата гама на LS
вклучувајќи го и хибридот LS600h.
Измените на автомобилот се претежно козметички и се
однесуваат на каросеријата, додека во внатрешноста е направено многу малку.
Единствено на располагање на потенцијалните клиенти стои преклопна масичка
наменета за совозачот.
Секако главните измени се надвор. Тука се отворите за
одвод на топол воздух сместени во предното крило зад тркалото, спуштена
суспензија и огромни леснометлани бандажи со пречник од 22 инчи. Тркалата се
производ на Work, поточно серијата Varianza Schwert
SC1 со двојни пречки, и обуени со во гуми со ширина 295 назад и 245 напред.
Понатаму Job Design нуди комплетно нови браници од кои
задниот може да се пофали со интегриран дифузор, а нив ги надополнуваат
уникатните странични завеси.
Моторите и механиката остануваат исти. Комплетен кит во Job
Design чини околу 2.500 евра. Можеби не е малку, но веруваме дека секој може да си
дозволи еден Lexus LS и сака да си го „пимпува” автомобилот нема да има
проблем да ја издвои наведената сума.
|