|
Американското одделение на Kia, Kia Motors America одлучи да подготви тркачка верзија на Rio на основата на верзијата со пет врати која ќе се натпреварува во американската група B-Spec.

Како што и доликува американците ќе го претстават лутиот тркач на Kia на автомобилското шоу ,SEMA - Speciality Equipment Market Association, или пазарна асоцијасија за специјална опрема, кое се одржува секоја година во Лас Вегас.
Kia Motors America го создала тркачкиот Rio во партнерство со специјалното одделение за мотоспорт на Kia со седиште во Јужна Кореа, Kinetic Motorsports кое е одговорно за направените измени.
Така тркачкиот Rio добива полн безбедносен кафез споен сo дополнителните засилувања на автомобилиот направени за каросеријата на серискиот автомобил да може да ги издржи напрегањата во трка.
Поставени е и други системи за безбедност како интегриран систем за гаснење на пожар, безбедносни ремени прицврстени во шест точки и тркачка када од карбон-фибер.
Инженерите на Kinetic Motorsports работеле и на доработка на суспензијата која се га е поцврста и се мести во сите правци, нови се сопирачките со поголема моќ на сопирање и отпорни се на прегревање.
Измени претрпел и моторот кој сега е помоќен. Сепак, од Kia Motors America не наведуваат за кој мотор станува збор и колкава е моќноста што ја испорачува.
Вака подготвениот Rio од група B-Sрec ќе учествува на трките од тркачките серии: GRAND-AM, Sports Car Club of America и World Challenge.
|