|
Специјално за претстојното тјунинг шоу во Лас Вегас, SEMA, Kia ги здружи силите со магазинот Antenna за да го создадат концептуалниот автомобил на основа на Rio наменет за серфери и скејтери.

Концептот е изработен околу верзијата на Rio со пет врати. За да се задоволи вкусот на ове две групи луѓе дизајнерите ја избрале специјално направената боја наречена Sunset, или Заjдисонце, со која е лакирана каросеријата.
На оваа посебна боја со кафена нијанса одлично и одговараат златните дводелни леснометални бандажи и новиот аеродинамичен кит со набабрени крила, дифузор интегриран во задниот браник и двоен издув поставен централно.
При уредувањето на внатрешноста дизајнерите користеле дрво за поприсен допир со природата. Во багажникот е поставена сталажа за патики, кутија за потребштини и саксија.
За потполно звуќно доживување вграден е грамофон изработен во класичен стил, а оставено е и доволно простор за сместување на даска за едрење за серферите или скејтборд за скејтерите.
Од Kia не кажуваат дали инженерите се поиграле со механиката и моторот што исто така ќе ги заскокотка оние со слободен дух. Повеќе детали се очекуваат по претставувањето.
|