Get Adobe Flash player
Комплетен спортист од R8
12.04.2007
abtr8cut1Abt Sportline ги објави првите фотографии од Abt R8, модел направен за да ги предизвика Ferrari F430, Porsche 911 Turbo и братучедот од Lamborghini, Gallardo.

Под хаубата од карбон, направена за да ги олесни работите и да обезбеди оптимална распределба на тежината, Abt го смести 4,2 литарскиот V8, но, за да не биде се така едноставно, му додаде компресор и од него извлече дополнителни 110 коњски сили, заокружувајќи ја моќноста на 530 импресивни коњи.

Интегралниот погонот преку 20 инчните тркала го лансира Abt R8 за 3,9 секунди до темпо 100 и го влече до максимални 317 km/h. Вид на катапултирање што со сигурност би ја излупило бојата, со нијанса на прегорен бакар, триејќи ја од воздухот. Суспензијата дозволува местење по висина, од и компресија со што монструмот е комплетно подготвен и за на улица и за на писта.

За да го задржи R8 на земи Abt стилизираше свирепа предна брана, нов дифузор и екстравагантно крило одзади. Извајаните странични завеси и редизајнираните острици на отворите за воздух во црна боја му даваат нов печат на автомобилот. И како задното крило да не е доволно за да се стави на знаење дека не возите обичен Audi, сликата се комплетира со четири издувни топа сместени косо на краевите од преработениот задник.

Аbt R8 ќе може да се купи на есен, а фотографиите се на расолагање веднаш. Гозбата може да почне.

abtr8front abtr8back

 

 

 

Facebook