|
15.05.2007 |
Неспорно е дека новата 911 GT3 е
најдобрата изведба на исконското купе што некогаш е излезено до Штутгард.
Лесно, моќно со супериорна суспензија. Совршен баланс меѓу тркач и секојдневен
возач.
KW е сигурен дека може да го подобри ова последново.
Волшебниците за суспензија развија нова опружна нога достапна во три
спецификации. Кои им овозможуваат на сопствениците да го модифицираат
придушувањето и висината за да се постигне оптимално држење на пат, комфор и
безбедност.
Трите спецификации носат име: V1, V2 и V3. Секоја од
нив нуди различен степен на прилагодување. V1 има
однапред зададени придушувачки карактеристики со можност за местење на
висината. V2 е идеален систем за спортски настроени возачи кои сакаат
спуштен автомобил. Бидејќи и придушувањето се мести, можно е возачот да го
прилагоди комфорот според сопствените желби. V3 нуди
можност за одделно местење на притисокот во амортизерот и придушувањето,
дозволува највисок степен на прилагодување и е совршено решение за технички
пребирливи возачи.
Трите варијанти се нудат единствено во уникатната не’рѓосувачка
линија „Inox Line” која обезбедува екстремно висок
квалитет и издржливост на суспензијата, плус совршен финиш кој ќе трае долго
колку и автомобилот.
|