Организацијата на фанови и колекционери на Alfa
Romeo, RIAR - Registro Italiano Alfa Romeo, годинава слави 46
годишнина и по тој повод подготви лимитирана едиција на Mi.To.
Полното име на оваа едиција гласи Mi.To RIAR Limited
Edition и под хаубата ја носи најважната состојка за еден посебен
автомобил, а тоа се повеќе моќност и повеќе стил.
Првата состојка е задоволена со зголемување на снагата за
15 КС во однос на серискиот модел со 1.4 литарски трубо бензинец. Па така Mi.To
RIAR остварува 170 коњски сили кои значително ги подобруваат перформансите на
автомобилот.
Сепак, тие остануваат тајна бидејќи организацијата има
намера да им ги достави само на оние што ќе одлучат да го купат автомобилот.
Втората состојка повеќе стил е постигната со боење на Mi.To во монотона
метална боја на оружје која и дава доза на мистерија и со неа личи како
невидлив авион ловец.
Поставувањето на куп спојлери и други вообичаени
тјунерски елементи не било дел од замислата на дизајнерите. Тие сакале да
постигнат дискреција и можеме да кажеме дека успеале во тоа. Сменет е само
задниот браник кој сега носи интегриран дифузор, а нов е и спојлерот на
кровот.
Дополнително Mi.To RIAR носи леснометални
бандажи идентични како кај Alfa Romeo 8C Competizione. Внатре
ексклузивноста е постигната со ентериер преслечен во црна или во темно црвена
кожа.
На спортските седишта со изразени страници се прошиени
амблеми со логото на организацијата, додатени се детали од карбон-фибер на
арматурата и поставен е нов кастомизиран волан.
RIAR ќе произведе само 46 примероци, по еден за секоја година
постоење, и секој од нив ќе биде нумериран и ќе носи соодветна документација.
Официјалната цена на Alfa Mi.To RIAR изнесува
20.000 евра, но се очекува дел од автомобилите да завршат на аукција каде
цената би можела значително да порасне.
|