Доколку неможете да причекате додека пристигне новиот
кросовер-купе на Land Rover, а горите од желба за еден премиум SUV со две
врати тогаш тјунерската фирма LSE Design има решение за вас.
Британскиот тјунер разви верзија на Range
Rover Sport со две врати, но доколку сакате едно вакво подобро да
побрзате бидејќи ќе бидат произведени само 100 примероци.
Секој дел од каросеријата на серискиот модел е заменет со
лесниот карбон-фибер, а исто така е модификуван и моторот чија снага расне на
прегу 500 коњски сили.
Останатите ексклузивни детали вклучуваат панорамски кров,
LED осветлување околу возилото и брзиномер заокружен со
дијаманти со посебно парче светлуцав драгоцен камен за секои 10 mph.
Модификуваниот SUV нема да биде спремен
за испорака се до пролет 2008 и доколку сте заинтересирани не очекувајте дека
цена под 130.000 евра.
Што се однесува до новиот кросовер-купе на Land
Rover цртежот долу е добра индикација за сериската верзија која се очекува на
пазарот дури во 2009.
Концептот ќе биде прикажан на претстојниот салон во
Детроит за да се измери заинтересираноста на публиката, но и покрај се неговото
производство веќе е потврдено.
Новиот модел ќе биде позициониран под сегашниот Freelander и е
палнирано да биде директен конкурент на Audi Q3 и BMW Х1.
|