Volkswagen Lupo е пристоен автомобил. Дури и спортски
во одредени случаи. Но, да му се стават диск сопирачки од Porsche и 18 инчни
бандажи од OZ е премногу.
Мислењето стои се додека не го видите големиот V6 од VW како ѕирка
од под хауба. Не можеме ниту да замислиме колку му е тежок носот на овој мал
тркач, но за среќа нема потреба од тоа.
Креаторите имале чуден пристап при ставањето на против
тег. Поставиле уште еден VW V6 одзади. Едниот ги врти предните тркала, а другиот
задните што ја прави разбирлива и потребата од заштитен кафез.
Сопственикот на ова Lupo едноставно
барал малку повеќе живост од својот автомобил па се одлучил за V6 од Golf.
Но, тоа не му било доволно па сакал да вгради турбополнач. Ова му било
премногу скапо и затоа се одлучил за два користени V6.
Ова за нас има смисол исто толку колку и за вас. Иако
досега не сме направиле ниту едно вакво возило се прашуваме што е тоа што ги
тера луѓето да потрошат толку многу енергија и време за возило кое нема никаква
иднина и чии детски болести ќе бараат многу пари за лекување.
И на крајот сваќаме дека не е важно што мислиме ние или
било кој друг.
Типот или типката одлучил(а) дека токму ова е тоа што
сака да го напрви и го направил(а). Токму и затоа внатре има само едно седиште.
Значи повеќе моќност за него или неа. Буквално.
А регистерската табличка кажува најмногу.
 

|