Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Малку поинаков Ford Focus ST
29.04.2008
ford-focus-st-team-rs-1.jpgFord претстави нова верзија на обновениот Focus ST која во целост е развиена од фабричкиот тјунер TeamRS, а плановите се да лансира лимитирана серија само за пазарот во Британија.

Верзијата изработена според видувањата на инженерите и дизајнерите во TeamRS и се разликува од стандардниот ST по измените направени и на каросеријата и во кабината, а кои ќе бидат достапни како дополнителна опрема и во останатите моделски варијанти.

Автомобилот сериски доаѓа опремен со систем за надгледување на притисокот во гумите, аудио систем со можност за конекција на екстерни извори на музика, гласовна контрола на командите и систем за сателитска навигација.

Во зависност од желбите и секако купувната моќ на клиентот Ford ги нуди верзиите ST, ST-2 и ST-3. Карактеристично за сите три верзии се леснометалните бандажи од 18 инчи, тркачките кади на Recaro, спортскиот волан и копче за старт на моторот како кај прекален спортист.

Понатаму во ST-2 се добива аудио систем од Sony, биксенон предни светла, LED задни светла и греено предно стакло, додека ST-3 дополнително во централната конзола носи вграден шаржер за 6 CD и ентериер комплетно преслечен во кожа.

Под хаубата баботи познатиот 2.5 литарски петцилиндричен турбо бензинец кој остварува 225 коњски сили доволни за спринт до 100 km/h за 6,8 секунди и максимална брзина од преку 240 km/h.

Како точка на „I” е податокот дека Focus ST го поминува северниот круг на Нирбургринг, познатата Нордшлајфе за 8 минути и 35 секунди што е за само 1 минута послабо од времето остварено на многу помоќниот Porsche 911 GT2.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook