|
14.08.2007 |
Поради правилата за хомологација за Светскиот шампионат
на FIA GT, Maserati беше принуден да произведе лимитирана серија на својот
потентен тркачки автомобил МС12 наменет за купувачи.
Поради тоа правило произведени се само 12 супер
автомобили МС12 GT1, секој со тежина од по 1150 килограми – стандардниот
МС12 тежи 1532 kg – моќност од 755 КС и вртежен момент од 740 Nm, добиени од
6.0 литарски V12.
Тјунерската куќа Edo Competition го прифати
предизвикот да го модификува веќе фабрички модификуваниот тркачки автомобил.
Среќни со моторот и со менувачот инженерите одлучија да ја подобрат шасијата
вградувајќи специјален систем на суспензија, развиен заедно со експертите за суспензија KW.
Можноста за независно местење на компресијата и повратниот од на придушувањето дозволуваат три различни поставки на
суспензијата.
Иако моторот не е гибнат вграден е ново развиен издув
со голем проток и електронски контролирани клапни чив степен на отвореност го
контролира возачот од кабината.
Пакетот го комплетираат карбон-керамички дискови со
пречник од 396 милиметри напред и 360 милиметри назад. Нив ги сокриваат ковани
бандажи со пречник од 20 инчи назад и 19 инчи напред, потполно исто како кај
натправарувачот во FIA GT.
 
|