|
31.10.2011 |
|
Mazda најавува два концепти за претстојното тјунерско шоу SEMA во Лас Вегас кои ќе бидат изработени на основата на родстерот MX-5 и на малата комбилимузина со три врати Mazda 2.

Родстерот MX-5 ќе пристигне во Spider варијанта со мек кров којшто се поставува рачно заради намалување на тежината на и без друго лесниот автомобил кој во сериска изведба е полесен од 1.200 килограми.
Кровот не нуди целосна заштита од дожд и тука е само за нужда кога ќе заврне. Сепак, од Mazda велат дека може да се вози и со поставен кров, но не на дожд, кога се намалува турбуленцијата на воздухот што струи низ кабината.

За малата Mazda 2 нема многу информации. Освен што ќе биде наличена со тркачки бои таа ќе го носи и најмоќниот турбо мотор со кого располага Mazda. Што точно ќе се случува под хауба останува да видиме по претставувањето.
|