Производителот на кастомизирани кабриолети од обични
затворени автомобили Newport
Convertible Engineering од Калифорнија ја претстави својата најнова креација на
тема Mercedes
CL.
Каросериската работилница која прави кабриолети од Maybach, преку Prius, до Hummer, одлучи да ги засука ракавите и да ги оствари најавите на Mercedes од 2007 дека планира да произведува кабриолет на основата на луксузното
купе CL.
Клиентите на кои им е здодеано од чекање инженерите во
Штудгарт да го креираат нивниот посакуван кабриолет сега можат да се обратат во
Newport
Convertible Engineering и да го добијат автомобилот за кој сонуваат.
Newport
Convertible Engineering го нуди CL со автоматизиран склоплив платнен кров кој сега стои наместо цврстиот
метален кров на купето.
Инженерите на компанијата од Калифорнија истакнуваат дека
правењето на кабриолет од затворени автомобили не е толку едноставно и е далеку
од отсекување на металниот кров и постаување на нов од платно.
Како што знаеме отсекувањето на металниот кров ја
нарушува структурната цврстина на каросеријата која мора да се врати пред да
биде поставен новиот кров бидејќи во спротивно автомобилот може да се скрши на
половина.
Секоја кабриолет направен од Newport Convertible Engineering има дополнителни структурни засилувања на каросеријата кои гарантираат
дека цврстината на модификуваниот автомобил е еквивалентна на фабрички произведените
кабриолети.
Сето ова е применето и кај CL. Луксузното купе, пардон
кабрио сега дефинитивно отскокнува со својот изглед и предизвикува внимание
секаде каде ќе се појави. За остварување на својот екстравагантен сон
вљубениците во необично мораат да одвојат околу 15.000 долари плус на цената од
автомобилот.
Останати модификации во поглед на моторната понуда,
механиката, подвозјето, не се предмет на разработка на Newport Convertible Engineering. Тука освен кровот се останува како од фабрика.
Секако Newport
Convertible Engineering прават конверзии кои чинат и преку 100.000 долари, а
вклучуваат автомобили како на пример еден Maybach
57. Не е евтино, но секое задоволство се плаќа.
|