Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes CL од Wald
18.12.2007
wald-mercedes-cl.jpgФакт е дека сме се изнагледале тјунирани модели од сите класи на Mercedes, гордоста на германските тјунери. Но, исто така факт е дека едвај и да сме слушнале за тјунирана „Мечка” од некој јапонски тјунер.

Сето ова треба да се смени, барем колку што можеме да насетиме од приложеното. Имено, јапонската тјунерска куќа Wald International, која е специјализирана за тјунирање на некои од најдобрите европски примероци на четири тркала како што се BMW Серија 7, Mercedes Класа S или Bentley Continental GT, одлучи да внесе малку живост во најголемото купе на производителот од Штудгарт.

Најновиот тјунерски подвиг на Wald за Mercedes CL носи аеродинамичен кит кој се состои од нови браници, странични завеси и уникатни спојлери и напред и одзади.

Останатите модификации носат мали подобрувања на суспензијата и на перформансите на моторот. Сето ова лежи на специјални леснометални бандажи кои во пречник мерат 20 или 22 инчи во зависност од афинитетите на нарачателот.

Внатрешноста е обложена со карбон-фибер има спортски волан и рачка од менувачот и посебно дизајнирани патосници со потпи на Wald.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook