Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes CLK63 AMG Black Series од Renntech
16.06.2008
merc-renntech-clk63-bs-1.jpgИмето веднаш кажува дека се работи за еден од најекстремните сериски автомобили на светот, но кога прсти ќе вмеша и Renntech тогаш се очекува најекстремно од најекстремното.

Mercedes CLK63 AMG Black Series сериски доаѓа опремен со детали превземени од неговите браќа што се натпреваруваат во DTM. Тоа значи дека купето на Mercedes има проширена каросерија, огромно задно крило, ентериер преслечен во карбон-фибер и моќен V8 кој на задните тркала испраќа 507 коњски сили и максимален вртежен момент од мрсни 630 Nm.

Кога ќе се фрли око на автомобилот и ќе се процесираат вредностите КС и Nm што ги испорачува монструмот што работи под хаубата тогаш на малкумина би им паднало на ум да си играат, а на уште помал број на луѓе ова би им било недоволно.

Токму поради оваа група на фанатици инженерите запослени во тјунерската куќа Renntech со седиште на Флорида одлучија да го поднавијат моторот уште малку.

Со рекалибрирање на управувачката електроника на моторот, измените на системот за вшмукување и комплетно новиот издув кој потекнува од светот на мотоспортот и има поголем проток на издувните гасови, комплетно е изработен од не`рѓосувачки челик и носи спортски катализатори, добиен е значителен скок во перформансите.

Максималната снага е подигната за 43 КС и сега моќниот V8 испорачува точно 550 коњски сили. Многу поглем напредок е направен кај вртежниот момент. Вредноста е подигната за 80 Nm што значи дека крајниот резултат изнесува 710 Nm способни при забрзување силно да ги залепат патниците во седиште.

Подобрените перформанси на моторот му овозможуваат на вака доработениот CLK63 AMG Black Series до 100 km/h да забрза за помалку од 4 секунди и да достигне максимална брзина од преку 300 km/h.

Покрај моторот во Renntech нудат доработка и на подвозјето. Се работи за спортска суспензија со попречни водилки од карбон-фибер како во Формула 1, можност за поддесување на тврдината на амортизерите и висината од подлогата, но и можност за брзо менување на затурот како на предните така и на задните тркала.

Иако во Renntech сметаат дека визуелно на автомобилот и нема многу што да се смени, сепак одлучиле пластичните и металните детали во кабината по желба на сопственикот да ги заменат со нови од карбон-фибер, а поставени се и нов преден спојлер и заден дифузор.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook