Get Adobe Flash player

Mercedes CLS од Vorbild Elite Sports
14.03.2008
mercedes-cls-vorbild-1.jpgИако се знае малку за јапонските тјунерски куќи сепак тоа не значи дека нивната тјунерска индустрија нефункционира. Напротив. Најново од земјата на изгрејсонцето е преработка на Mercedes CLS.

Станува збор за тјунерот Vorbild, поточно неговата филијала Elite Sports специјализирана за преработка на луксузните европски автомобили која подготви посебен пакет на опрема за купето со четири врати на Mercedes.

Elite Sports го опремува CLS со најновите производи на Vorbild кои од елегантното купе прават мачо автомобил. Станува збор за комплетен аеродинамичен кит изработен од карбон-фибер кој опфаќа модификација на предниот и задниот браник, страничните завеси и поставување на задно крило со можност за местење на аголот во зависност од потребите.

Понатаму предните и задните крила имаат дополнителни отвори за одведување на топол воздух напред и вшмукување на ладен воздух назад за ладење на задните сопирачки.

Комплетниот аеродинамичен кит чини околу 5.000 евра, но доколку сопственикот има да потроши повеќе тогаш мачо ликот ќе биде поткрепен и со соодветна перформансна кулиса.

За големиот V8 што работи во CLS инженерите на Elite Sports предвиделе интересни доработки кои дефинитивно ќе изнудат насмевка на лицето на сопственикот кога е го приритсне педалот за гас.

Модификациите вклучуваат вградување на механички компресор и интеркулер, систем за вшмукување со зголемен проток, нови перформансни брегасти вратила и комплетно нов издув исто така со зголемен проток изработен од не`рѓосувачки челик.

Автомобилот е поставен на ковани леснометални бандажи од серијата UL5 на Vorbild кои ги сокриваат големите сопирачки дискови и клешти конструирани специјално за CLS. Со нив Elite Sports гарантираат дека доработените CLS запира подеднакво добро како што забрзува.

Перформансите остануваа тајна бидејќи како што наведуваат во Elite Sports зависат од изведените модификации на моторот.


 
Get Adobe Flash player