Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes E Cabriolet на швајцарски начин
17.01.2012

Малку познатото тјунерско ателје од Швајцарија, FAB Design, специјализирано за модификации на автомобилите на Mercedes, Porsche и на Maybach претставува своја визија на тема E класа Cabriolet.

mercedes-e-cabrio-fab-design-1-2012-1

Со акцент на исклучителен дизајн, фанатиците од FAB Design му поклониле на кабриолетот на Mercedes Е класа агресивен лик и воедно поработиле на нов издув и на ново потпирање.

Пакетот за дотерување на кабриото вклучува комплетно нов преден браник со акценти од карбон-фибер и интегрирани светла за возење дење кој продолжува во проширување на крилото кое завршува со огормна шкрга и ги сокрива широките гуми.

Крилото се надоврзува на новите проширени прагови кои одзади се интегрирани со отворот за довод на ладен воздух до задните сопирачки и проширувањето на задните крила кои се претопуваат во нов заден браник.

Во него исто така се интегрирани шкрги кои го одведуваат врелиот воздух од задните сопирачки, а оздола е поставен дифузор кој го лепи автомобилот за асфлат при високи брзини.

Нему во работата на генерирање негативен потисок му помага и спојлерот на капакот од багажникот изработен од карбон-фибер. Од краевите на дифузорот штрчат двте цевки на новиот спортски издув од не`рѓосувачки челик.

Издувот користи интегриран вентил во форма на клапна која се отвора по желба на возачот кој може да избира меѓу придушен звук погоден за во град, или пак, сонорен длабок звук за на отворено кога се вози на нож.

Суспензијата е спортска и нуди подеднакво добри возни карактеристики комбинирани со висока доза на комфор. Бандажите се од три дела, ковани се од лесна легура и мерат 20 инчи во дијаметар.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook