Престижната германска тјунерска куќа Brabus
специјализирана за доработка на моделите на Mercedes со
нетрпение чекаше да го претстави своето видување на новото купе на Mercedes.
Секако за доработка е земенa најмоќната
верзија Е550 Coupe од под чива хауба е отстранет 5.5 литарскиот V8 кој
остварува 382 КС и заменет е со 6.1 литарски V8 кој
остварува 456 КС и максимален вртежен момент од 615 Nm кој доаѓа
при ниски 3.100 врт/мин, значително повеќе од 530 Nm на
серискиот мотор.
Новиот поголем и помоќен мотор е доволен за да му
овозможи на Е Coupe спортски перформанси катапултирајќи го до 100 km/h за 4,7
секунди и до максимална брзина од 315 km/h.
Секако сето ова има и своја цена. Вградувањето на
големиот мотор под хауба ќе го чини сопственикот на Е550 Coupe
дополнителни 29.000 евра или 70% од цената на основната верзија на E Класа Coupe.
На прв поглед личи многу, но ако се земе предвид дека се
добиваат нови кастом глави на цилиндрите изработени од полно парче алуминим на CNC машина,
кастомизирани брегасти вратила, ковано коленесто вратило и нови лесни клипови и
клипни лостови тогаш нема основа за коментар дека не вреди за парите.
Секако 6.1 литарскиот бензинец не е единствената понуда
на Brabus кога е во прашање Mercedes E Coupe.
Клиентите кои преферираат економичност ќе можат да го
изберат четирицилиндричниот дизел кој работи во E250 CDI кому
снагата му е зголемана од 204 КС на 232 КС, а вртежниот момент од 500 Nm на 560 Nm.
Оние што сакаат брутална дизелска снага ќе се одлучат за
доработка на E350 CDI со V6 кому благодарение на китот на Brabus моќноста
му е зголемена од 231 КС на 268 КС, а вртежниот момент му
е подигнат на 590 Nm.
Покрај играњето со моќноста на моторите на Е Coupe,
дизајнерите во Brabus креирале соодветни аеродинамички додатоци кои му даваат
на автомобилот значително поагресивен лик и го подобруваат струењето на воздух
околу каросеријата.
Нов е предниот браник со поголеми отвори за воздух и
вкомпонирани LED светла за возење дење и светла за магла, од страна во Brabus не ги
менувале чиститие линии на основниот дизајн, додека задниот браник исто така е
комплетно сменет заради поставување на дуплите издувни цевки и дополнителното
светлото за магла поставено централно.
Автомобилот стои на леснометални ковани бандажи Brabus Monoblock кои можат
да бидат излиени во едно парче или составени од две или три парчиња.
Димензиите на бандажите варираат од 17 до 20 инчи и можат
да бидат обуени во супер лепливи гуми кои ги сипорачуваат Pirelli
и Yokohama кои можат да извлечат најмногу од новата суспензија
и моќните сопирачки со самовентилирачки и бушени дискови напред со пречник од 360 mm кои ги
зафаќаат шест клипни сопирачки клешти.
Внатре уредувањето зависи од желбите на клиентот, а дел
од измените вклучуваат нов волан, кабина целосно преслечена со кожа или
алкантара, детали од четкан или полиран алуминиум и не`рѓосувачки челик...
Според одговорните во Brabus новото Mercedes Е Coupe е како
создадено за доработки и тие се потрудиле во целост да го искористат тјунерскиот
потенцијал на автомобилот.
|