Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes Класа С комби од Carlsson
22.11.2007
carlsson-mercedes-c.jpgУште пред да пристигне во продажните салони новиот комби од Класа С на Mercedes, претрпе серија мидофикации направени од инженерите на германскиот тјунер Carlsson.

Модификациите вклучуваат зголемување на моќноста на моторот и нов луксузен интериер. Екстериерот исто така претрпува мали измени со нов аеродинамичен кит и леснометални бандажи.

За фановите на дизели Carlsson нуди зголемување на моќноста и на вртежниот момент за 20 проценти за сите дизел мотори на Mercedes со ремапирање на ECU,

На четирицилиндричниот дизел во Класа С моќноста му е зголемена за 34 КС и сега тој остварува потентни 204 коњи со максимален вртежен момент од 480 Nm место 400 Nm што ги испорачува стандардниот мотор.

Резултатот од зголемувањето на моќноста е скратувањето на спринтот до 100 km/h за 1 секунда и скартувањето на забрзувањето од 80 до 180 km/h за цели седум секунди.

Зголемувањето на на моќноста кај V6 320 CDI оди до 42 КС, па така новиот мотор остварува 296 КС. Вртежниот момент исто така е подобрен и кај Carlsson нуди 612 Nm од 1.600 до 2.300 вртежи. Како и кај претходникот забрзувањето до темпо 100 е скратено за цела секунда.

Покрај дизелите и 3.5 литарскиот V6 бензинец добива здрава доза на снага. Развиен во одделот за мотоспорт китот СК35 овозможува 295 КС и истискува максимални 385 Nm вртежен момент терајќи го автомобилот до крајна брзина од 270 km/h. Спринтот до стотка трае само 6 секунди што е за 4 десетинки подобро од серискиот модел.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook