Get Adobe Flash player
Mercedes–McLaren SLR Perfectus од ASMA
20.01.2009
m-m-slr-perfectus-1.jpgСкориот престанок на производството на супер спортскиот автомобил Mercedes–McLaren SLR воопшто не го намалува интересот на тјунерите кои не престануваат да го доработуваат.

Во оваа група влегува и германската тјунерска работилница ASMA Design која ја претставува својата визија за Mercedes–McLaren SLR наречена Perfectus.

SLR Perfectus оригинално е создаден по нарачка на кралското семејство на Абу Даби, а го карактеризира комплетно нов аеродинамичен кит. Поставен е сосема нов преден браник во кого е вкомпонирана и новата маска на автомобилот.

Задниот браник исто така е целосно нов и дополнително е издолжен заради подобар аеродинамичен ефект. Во него е вкомпониран и дифузор кој го лепи автомобилот за асфалт при високи брзини.

Поставени се и нови странични завеси кои пак заедно со испакнатите арки над тркалата формираат една целина.

Перфектното чудовиште на ASMA го задвижува веќе исконскиот 5.5 литарски V8 со механички компресор креиран во лабораториите на AMG. Сепак, за во Perfectus моторот е дополнително навиен и сега произведува моќни 700 коњски сили, а вртежниот момент е подигнат на мрсни 855 Nm.

Инеженерите на ASMA олкава снага добиле со вградување на нов поголем механички компресор, комплетно редизајниран издув изработен од не`рѓосувачки челик кого го карактеризираат катализатори со голем проток на гасови и тркачки лонци од сопствено производство и секако ремапирање на ECU.

Крајниот резултат е катапулитрање 0 до 100 km/h за едвај 3,5 секунди и максимална брзина од 350 km/h. Патем максималната брзина е за 10 km/h повисока од онаа на екстремниот Mercedes–McLaren SLR 722.

И за крај цената. Во ASMA наведуваат дека таа изнесува рамно 1 милион европски банкноти. Примамливо.


 

 

 

Facebook