|
14.11.2007 |
Најчесто кога помислуваме на супер брз SUV, нашите
мисли не одат подалеку од еден Porsche Cayenne Turbo. Но, со тјунинг и
некој друг SUV може да се претвори во страшило на патот.
Тјунерската компанија на Mercedes,
Kleemann направи од ML63 вистински моќник
на четири тркала. Со вградувањето на два турбо полначи од Garrett,
инженерите успеале да извлечат здрави 800 коњи и електронски ограничен вртежен
момент од мрсни 1.000 Nm.
На стандардниот менувач 7G вграден во
ML63 не му требаа никакви модификации за да го прифати
масивното зголемување на моќноста. Тој без проблем ја пренесува секоја коњска
сили низ погонот на четири тркала до секој од 20 инчните леснометални бандажи
на Kleemann, TS-7 обуени во гуми Pirelli P-Zero Rosso.
Со помош на новата суспензија од EBL во Kleemann тврдат
дека вака модификуваниот SUV на патот се однесува повеќе како спортски автомобил
отколку како масивен теренец.
Суровите перформанси го ставаат ML63K далеку
пред конкурентите. Забрзувањето, пардон катапултирањето, до 100 km/h трае едвај
4 секунди, а потоа теренецот продолжува со бруталното забрзување се до
електронски лимитираните максимални 300 km/h.
За среќа вграден е и ситем за сопирање кој успева навреме
да го сопре овој ѕвер со тежина од 2,5 тони секогаш кога тоа е потребно.
 
|