Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes SL63 AMG e F1 Safety Car за 2008
11.03.2008
merc-sl63-amg-f1-safety-car.jpgПред старт на нова сезона во Формула 1 традиционално се избира и нов Safety Car, годинава таа чест му припадна на Mercedes SL63 AMG кој ќе го замени ланскиот CLK 63 Black Series.

За сите 18 трки во календарот на Формула 1 ќе се користи посебно продготвен модел на Mercedes SL63 AMG кој ќе се префрла од трка на трка, а премиерата ќе ја доживее следниот викенд на првата трка од сезоната на патеката во Алберт Парк во Мелбрун, Австралија.

Под хаубата брбори истиот 6.3 литарски V8 кој остварува 525 коњски сили и спринтува до темпо 100 за 4,6 секунди. Автомобилот има нов спортски издув посебно скроен во AMG со цевки со поголем дијаметар и нови продушни лонци кои му овозможуваат на моторот да дише полесно.

Понатаму измените ги опфаќаат комплетниот системот за ладење и новите карбон-керамички дискови кои се користат во тркачката програма на Mercedes. Системот за ладење пак опфаќа поголеми ладилници за течноста за ладење, маслото во моторот и менувачот и течноста во хидрауличниот управувачки механизам.

Посебно подготвениот автомобил е и значително полесен од својот сериски брат близнак. За да се смали тежината обилно е користен карбон-фибер од кого се изработени хаубата, поклопецот од багажникот, предните крилата, спојлерите и страничните завеси.

Кровот за разлика од серискиот SL63 е фиксиран и од него е отстранет тешкиот и комплексен механизам за преклопување. Сето ова условило со намалување на тежината од вкупно 220 килограми што значи дека годинешниот Safety Car тежи точно 1.750 килограми со полн резервоар гориво и без возач и совозач.

Додека SL63 AMG ќе се шепури како Safety Car помалиот модел на Mercedes, комбито на Класа С, поточно С63 исто така доработено во погоните на AMG ќе го придружува како медицинско возило или Мedical Car.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook