|
19.05.2008 |
Додека Hamann и Novitec покрај BMW, Ferrari почнаа да се бават со
тјунирање на Fiat 500, во AС Schitzer се зафатија со доработка на перформансната верзија на Mini
Clubman.
И како што доликува на престижната тјунерска куќа,
нивните инженери успеале да направат вистински моќник со 226 коњски сили и
вртежен момент од 285 Nm и сето тоа од 1.6 литарскиот турбо бензинец добиен од
меѓусебната соработка на PSA Peugeot Citroen и BMW.
За сета оваа снага да може да се пренесе на подлогата
преку предните тркала во AC Schnitzer вградиле самоблокирачки диференцијал
со можност за блокада до 75 проценти.
Тука е и спортската суспензија, развиена
на Нирбургринг, кај која е можно поддесување на висината, но и издувот
со зголемен проток комплетно изработен од не`рѓосувачки челик.
Овој Mini Cooper S Clubman по доработката во AC
Schnitzer лежи на уникатни леснометални бандажи од 17 инчи, двоен издув одзади и
спојлер поставен долу на предниот браник заради подобрување на аеродинамиката,
но и заради поагресивен изглед дополнет со алуминиумски детали во внатрешноста.
|