Фабричката
тјунерска куќа на Honda, Mugen подготвува високо перформансна верзија на основата на Civic Type R. Новиот тркач на Honda
е испирирана од концептот Civic Mugen RR претставен
на почетокот на 2008.
Инженерите во Mugen
повторно ги засукаа ракавите доработувајќи го
филигранскиот 2.0 литарски атмосферски бензинец i-VTEC кој веќе работи во Civic Type R, пршти од снага и се врти до безсвест.
Но, тоа очигледно не е доволно за експертите од Mugen.
Сериските 200 КС при 7.800 врт/мин и 193 Nm при 5.600 врт/мин доволни за 6,6 секунди до темпо 100 и максимални 235 km/h
според нив можат да се унапредат.
После нивната доработка 2.0 i-VTEC може
да се пофали со подигнување на моќноста на 237 КС и максималниот вртежен момент
на 217 Nm. Заедно со моторот Civic
добива уште неколку фини модификации.
Комплетно е сменето подвозјето со поставување на нови
поцврсти пружини и амротизери, а од Brembo
се нарачани помоќни сопирачки кои се состојат од
вентилирачки жлебени дискови и напред и назад.
Напред диcковите имаат дијаметар од 320 mm, а назад 282 mm. Вграден е и новиот систем на Mugen за надгледување на притисокот во гумите I-TCMS кој го информира возачот кога неговите
гуми не се соодветно подготвени за бришкање по патека.
Секако најголемиот лајтмотив според кого работат
запослените во Mugen е драстичното намалување на тежината. Па така инженерите
на новиот Mugen
Civic Type R му ги отстраниле задните седишта, а напред поставиле две
тркачки кади од Recaro.
Дел од панелите во внатрешноста ги замениле со полесни од
карбон-фибер, воедно истиот материјал го искористиле и за изработка на некои од
панелите на каросеријата како предната хауба, предните крила, предниот и задниот
браник со интегриран дифузор и крилото поставено над задната врата.
Додадени се и дополнителни отвори на хаубата и на
предните крила за довод на ладен и за одвод на жежок воздух. Автомобилот сега
лежи на ковани леснометлни бандажи од 18 инчи чија тежина дополнително е
намалена за околу 10% во однос на серискитe нa Type R.
Останатите детали за автомобилот како перформансите и
цената сеуште се сокриваат. Единствено од Honda откриваат дека Mugen
Civic Type R ќе биде произведен во екстремно лимитирана серија од
неколку десетина примероци.
Mugen
Civic Type R на пазарот во Велика Британија ќе се појави кон крајот
на третото тромесечје од годината. Од Honda
сеуште нема збор дали ќе се произведува и верзија со
волан на лева страна за остатокот од Европа.
Без оглед на исходот на одлуката на одговорните во Honda,
љубителите на жешки компакти со атмосферски навиени бензинци и погон на една
оска ќе имаат за што да сонуваат во месеците што доаѓаат.
Но, доколку на крај не успеат да се закитат со филигранот
од Mugen на располагање им остануваат подеднакво нервозните Ford Focus RS и Renault
Megane RS, a во иднина и Volkswagen Golf R20 T.
|