Get Adobe Flash player
Murcielago LP640 од Edo Competition
21.06.2007
lamboecom1Германската тјунерска куќа Edo Competition одлучи да ѕирне под хаубата на Lamborghini Murcielago LP640 и да ја фрли својата магија врз веќе мрсниот V12 со 640 коњски сили.

Магијата успеа сега овој Lambo може да се пофали со 23 КС плус и ја заокружува моќноста на 663 коњи подготвени да тргнат во галоп и на најмал додир на педалот за гас.

Вртежниот момент на 6.5 литарскиот V12 е зголем од 660 Nm на 675 Nm при 5600 врт/мин, што резултира во конечни 348 km/h и спринт до стотка за 3,8 секунди.

Дополнителните km/h се плод на модификацијата на управувачката електроника на моторот ECU, специјалните филтри за воздух со голема пропусна моќ, високо перформансен катализатор и клапна што го контролира проток на издувни гасови (која со доплата може да се контролира од кабина) и заден лонец со висока пропусна моќ.

Не сакајќи да се плеткаат во безмалку совршената линија на Murcielago, тјунерите додале само ситни детаљи. Вклучувајќи специјално дизајнирано задно крило со можност за местење на аголот и бандажи обоени по ваша желба.

Внатре мочињата од Edo Competition додале само камера за поглед назед и мноштво крабон.

lamboecom2lamboecom3lamboecom4

 

 

 

Facebook