|
23.11.2007 |
Американската мануфактура Saleen претстави
уште еден жежок Mustang направен за да ја одбележи долгогодишната врска меѓу
тјунерот и исконскиот muscle car.
Автомобилот доаѓа во две верзии под името Н320 и Н320SC. Првата
верзија е помека и под хаубата пакува само 390 коњски сили додека онаа со
наставка SC во името нуди галопирачки 580 коњски сили. И двете
верзии својата дизјанерска нота ја повлекуваат од Boss 320 Mustang кој се
произведуваше во доцните шеесети години од минатиот век.
И во двата автомобили работи 5.0 литарскиот V8 склопен во
Saleen, кој носи ковано коленсто вратило и клипни лостови, како
и ковани алуминиумски клипови и два инјектори за гориво со голем проток.
Атмосферската верзија на моторот истискува 390 КС, додека
помоќниот брат се полни со помош на механички компресор и интеркулер и се перчи
со своите 580 КС и максималниот вртежен момент од 711 Nm доволни за
да се носат и со европските супер спортисти.
Моделите доаѓаат и со специјално тјунирана суспензија на Saleen која се
користи во мотоспортот, 14 инчни вентилирачки дискови со четири клипни
сопирачки клешти и ковани 19 инчни леснометални бандажи обоени во гуми Pirelli.
Основната цена за Н302 стартува до 56.999 долари, додека
за Н302SC треба да се ибројат минимум 74.999 долари.

|