Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Nissan 370Z од Nismo протечена информација
10.11.2008
nissan-370z-nismo-1.jpgЈапонската тјунерска куќа Nismo веќе подготви комплетни решенија за модификација на ново претставениот спортист на Nissan, 370Z со кои тој станува уште полут и поагресивен.

Пакетот се состои од нов аеродинамичен кит и од доработка на механиката. Аеродинамичкиот кит содржи задно крило, дифузор со интегрирано стоп светло, странични завеси и спојлер со странични крилца во дното на предниот браник.

Покрај визуелно и аеродинамички дотераната надворешност инженерите што работат во Nismo, кратенка од Nissan Motorsport, официјалниот тјунер на јапонскиот производител го доработиле и подвозјето и сопирачките.

Автомобилот добива поцврсти пружини и амортизери кои можат да се штелуваат, и нови поголеми и вентилирани сопирачки дискови и напред и назад, и нови леснометални бандажи со пречник од 19 инчи од серијата LMZ5 на Nismo.

Измените на моторот се опфатени со новиот издувен систем направен од не`рѓосувачки челик, спортски филтер за воздух и ремапирана ECU со што е постигнато зголемување на моќноста, но што е најважно добиен е подобар одзив на педалот за гас.

Nismo нуди повеќе модификациски верзии крстени како S-Tune, Aero, Performance. Може да се забележи дека во дадениот каталог се објавени и цените на комплетен автомобил, а стартот е некаде од 3.1 милиони јени или околу 25.000 евра.

Стартот на продажбата на серискиот 370Z, а паралелно со него и на тјунираните верзии на Nismo е закажан за првиот квартал на 2009.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook