Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Nissan GT-R Cobra N+
19.12.2008
nissan-gtr-cobra-1.jpgБез оглед што Nissan GT-R сеуште не стапнал на тлото на Европа, а јапонците и американците го имаат одамна, тоа не ги спречува тјунерите да сонуваат за можните модификации.

Дизајнерите и инженерите кои работат во германската тјунерска куќа Cobra N+ дел од Cobra Technology & Lifestayle одлучија да дадат свое видување како би требало да изгледа и да вози Nissan GT-R кога ќе пристигне во Европа.

Спортскиот автомобил е обоен во нови воинствени бои кои ја искажуваат агресивноста на GT-R гледано до безмалку секој агол. Германците ги препознале карактeристичните линии на каросеријата и ги прекриле со жолта линија која дополнително ги истакнува откривајќи ја убавината на GT-R.

Додаден е и нов аеродинамичен пакет кој се состои од спојлер поставен на дното од предниот браник, странична завеса и задно крило. Функцијата на овие додатоци не е да го направи автомобилот да изгледа поинаку туку за да го подобри струењето на воздухот околу и под него.

Безбедноста на патниците е загарантирана со вградување на комплетен безбедносен кафез и појаси во шест точки за возачот и совозачот кои седат во тркачки кади од карбон-фибер обложени со рачно шиена кожа.

Кожа е користена и за поставувење на вратите, додека воланот и рачната сопирачка се обложени со алкантара.

Секако ова е само визуелниот дел од модификациите. Измените под хаубата опфаќаат зголемување на притисокот во трубо полначот на 0,15 бари, ремапирање на ECU и вградување на спортски филтри за воздух.

За сега нема измени на издувот, но инженерите во Cobra N+ веќе работат на конструирање на нов издув со зголем проток и исто такви катализатори.

Сето ова би требало да донесе уште поголема моќност од моменталните 543 KS и максимален вртежен момент од 680 Nm колку што сега остварува моторот во Nissan GT-R Cobra N+.

Возните својства се подобрени со вградување на нов сет амортизери и пружини со можност за поддесување, ковани леснометални бандажи од три дела и пречник од 21 инч и нови вентилирани и бушени диск сопирачки напред кои мерат 405 mm во дијаметар.

Иако Cobra N+ го претставува китот како концептно тјунерско видување на Nissan GT-R, сепак голем дел од работата е завршена.

Одговорните уверуваат дека китот ќе биде целосно подготвен кога Nissan GT-R ќе стартува со продажба во Европа на почетокот од 2009.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook