|
04.07.2007 |
Специјалистот за тјунинг на Audi, Nothelle во текот
на изминатите 40 години претставува вистинска куќа на перформанси кој за
својата годишнина направи нов тјуниг пакет за TT.
Тјунинг китот на Nothelle ќе биде
достапен подеднакво и за купето и за родстерот и вклучува модификации и за 3.2 литарскиот V6 и за
четирицилиндарецот 2.0 TFSI.
Врвот е битурбо верзија на 3.2 V6 quattro која
остварува 520 КС и вртежен момент од 635 Nm. Пакетот
вклучува и засилена спојка и посебно адаптирани степени на пренос за мануелниот
менувач.
Опремен со DSG тјунираниот ТТ
достигнува максимални 308 km/h.
Моќта за 2.0 TFSI е исто така
зголемена во четири фази кои почнуваат од едноставно калибрирање на ECU и
дополнителни 40 КС, до комплетна доработка на моторот кој во четвртата фаза
нуди 330 КС и вртежен момент од 400 Nm.
Инженерите дополнително додале издув со зголемен проток,
пониска спортска суспензија за 25 mm и 19 или 20 инчни
леснометални бандажи.
За да го комплетира китот Nothelle нуди три
делен преден и заден спојлер, странични завеси и задно крило.
 

|