|
11.07.2007 |
Не дека на Lamborghini Murciélago LP640 му треба
повеќе агресивност, но на лудите момчиња од германскиот Hamann еден
автомобил никогаш неможе да биде доволно хардкор.
Токму затоа понудија нов аеродинамичен кит за италијанскиот
чистокрвен бик.
Опишан како налик на стелт бомбардер од страна на својот
дизајнер овој кит вклучува нов преден спојлер и задно крило направени од
фиберглас или пак опционален карбон.
Овие две компоненти одат во пакет со дводелен заден
дифузор со дополнителни црева за воздух за всисниците на извлекување, нови
странични завеси и дводелно предно крило со вметоци од карбон.
Завршницата на стелт бомбардер ја заокружуваат ковани 20
инчни бандажи од лесен метал кои на задните тркала мерат 13 инчи во ширина.
За да се осигура дека новиот кит нема да биде сфатен како
козметичка доработка во Hamann вградија нов издув од не`рѓосувачки челик со зголемен
проток на издувните гасови и нов катализатор што дополнително ги подига
перформансите.
 
|