Hyundai за пазарите во Европа подготви нова верзија на i30 којa јa
нарече Sport. Први кои ќе имаат можност да седнат зад воланот на Hyundai
i30 Sport се купувачите во Германија.
Иако ја носи наставката Sport во името i30 сепак, не
е врвна спортска машина. Европскиот оддел на Hyundai се
концентрирал на дотерување на визуелниот ефект, додека механиката останува како
кај останатите модели.
Sport верзијата е понудена и кај хечбекот и кај комбито CW, кое надвор
од Европа се продава под името Elantra Touring. i30 ќе се нуди
со 1.6 литарскиот бензинец со 126 КС, додека под хаубата на i30
CW ќе работи 2.0 литарскиот турбо дизел со 140 коњски сили.
Интересно е што верзијата Sport ќе се нуди
само во бело боја наречена Crystal White или кристално бела. Однапред
Sport се разликува по капакот на маската од карбон-фибер, нов преден браник со
поголеми странични отвори за воздух во кои се вкомпнирани светлата за магла и
со дискретен спојлер на дното.
Поставени се странични завеси, спојлер на задното стакло
и нов заден браник со интегриран дифузор од каде штрчат две хромирани
правоаголни издувни цевки. Двете верзии стојат на леснометални бандажи со
пречник од 18 инчи обоени во црна антрацит боја.
Покрај вообичаената електроника внатре патниците ќе уживаат и во кожените седишта, кожен
волан и рачка од менувач, автоматски клима уред, аудио систем со USB, Bluetooth
и iPod конекција.
Цената во Германија за i30 Sport изнесува
20.990 евра, додека комбито i30 CW Sport чини 24.490 европски банкноти.
|