|
29.10.2007 |
Тјунреското атеље Novitec одлучи да ја
доработи најбрзата верзија на Fiat Panda која што ја задвижува мотор од за
малечкиот автомобил пристојни 100 коњски сили.
Моторот со зафатнина од 1.4 литри со помош на новиот
издув на Novitec, Maxxair добива дополнителни 6 коњски сили.
Освен моторот доработено е и подвозјето кое сега го
приближува автомобилот до подлогата, а за посериозни преформанси е надополнето
со 17 инчни леснометални бандажи и нископрофилни гуми.
Покрај новите тркала, суспензијата и издувот кој завршува
со две хромирани цевки Novitec го сменил и целиот интериер на Panda.
Тјунерот сеуште не дава официјални податоци за
перформансите на доработената Panda.
Ова е втора доработка на Panda што ја
напрвил Novitec. Првата беше претставена на пролет во 2006, а нуди пониска спортска суспензија и поагресивен надворешен изглед на Panda
4x4.
 
|