Get Adobe Flash player
Novitec Rosso со нов кит за Ferrari 599 GTB
04.11.2008
ferrari-599-gtb-novitec-1.jpgГерманската тјунерска куќа Novitec Rosso претстави нова модификувана верзија на Ferrari 599 GTB Fiorano која според својата моќност далеку надминува се што е до сега направено таму.

Ferrari 599 GTB од инженерите на Novitec добива нов кит за моторот кој се состои од два механички компресори и суптилен аеродинамичен пакет кој дополнително ја зголемува силата на потисок и го лепи автомобиолот за асфалт при високи брзини.

Двата компресори обезбедуваат максимална моќност од 808 коњски сили и максимален вртежен момент од 823 Nm. Во однос на серискиот мотор моќноста е зголемена за 188 коњски сили, а вртежниот момент за 215 Nm.

Олкавата снага е доволна за да го забрза Fiorano до максимални 340 km/h, а во комбинација со супер брзиот менувач F1, спринтот, поточно катапултирањето до 100 km/h изнесува 3,5 секунди.

Фаќањето на 200 km/h од место е за 9,7 секунди, додека до магичната бројка од 300 km/h се стигнува за 25,5 секунди.

Интересно е што механичките компресори создаваат релативно мал притисок од само 0,4 бари. Така набиениот воздух дополнително се разладува во водено ладен интеркулер пред да биде вшумкан во цилиндерот.

Понатаму вградена е нова всисна гранка со високо перформансни бризгалки, спортски филтер за воздух и ремапирана ECU. Издувот е комплетно сменет. Вграден е нов изработен од не`рѓосувачки челик кој има зголемен проток на издувни гасови и завршува со четири издувни топа секој со пречник од 90 mm.

Аеродинамичниот кит е составен од нов преден спојлер, странични завеси со поголеми отвори за воздух за разладување на задните сопирачки дискови и поголем дифузор интегриран во задниот браник.

Модификуваниот Fiorano лежи на леснометални бандажи од 20 инчи напред и 21 инчи назад обуени во гуми Pirelli P Zero. Суспензијата е комплетно сменета, а како добавувач на новиот алуминимски кит кој може да се мести во сите правци се јавува специјалистот KW.

Ferrari 599 GTB Fiorano, Novitec Rosso сопира со самовентилирачки дискови со пречник од 405 mm кои ги обезбедува Brembo, а истите ги зафаќаат сопирачки клешти со по шест клипови.

Внатрешноста не отстапува премногу од онаа на сериската верзија. Најквалитетната кожа што ја користи Ferrari за обложување на целата кабина е оплеменета со детали од карбон-фибер кои можат да се најдат на арматурата, централната конзола, воланот и палките од менувачот сместени зад него.


 

 

 

Facebook