Супер спортските автомобили не се единствени што ги
привлекуваат тјунерите. Тоа може да им се случи на комбињата. Германскиот
тјунер ТН Automobile направи интересна преработка на VW
Transporter.
Инженерите од TH Automobile од комбито
на VW направиле интересен пикап со погон на четири тркала и со мотор сместен кај
задната оска, а меѓуоскиното растојание во однос на серискиот модел е зголемено
за цели 50 сантиметри.
Но, оба не му било доволно на инженерскиот тим. Тие
одлучиле на задната оска да стават не било каков мотор туку оној што го
задвижува Porsche 911 Turbo поточно моделот 996. Боксерот со помош на турбото од
зафатнина од 3.6 остварува моќно 420 коњски сили.
Оваа снага е доволна транс-пикапот на TH
Automobile да го забрза до 100 km/h за 5,1
секунди на што можат да му позавидат и многу поспортски автомобили.
Максималната брзина изнесува дури 270 km/h што е пристојно и
за едно Porsche, a за VW Transporter и да не
зборуваме.
Во TH Automobile за ентузијастите за кои овие 420
коњски сили се малку можат да ви понудат паралелно со него на предната оска да
биде поставен дизел од VW, TDI со 150 КС, со што овој пикап добива микс од 570 коњски
сили.
Поставувањето на моторот не е единственото нешто земено
на заем од Porsche. Ентериерот изобилува со детали што се среќаваат и во
автомобилите на легендарната марка како волан, инструменти, рачка од менувач и
слично.
Цената на еден вака преработен Taransporter изнесува
околу 160.000 секако без давачки.

|