Get Adobe Flash player
Opel Insignia според видувањето на Steinmetz
01.12.2008
opel-insignia-steinmetz-1.jpgГерманската тјунерска куќа Steimetz која веќе неколку децении е специјалист за модификување на моделите на Opel во Есен ја претстави тјунираната верзија на Opel Insignia.

Според гласноговорникот на Steinmetz компанијата работи на развој на тјунерски кит за Insignia веќе пет години. Односно развојот на тјунерскиот кит течел паралелно со развојот на автомобилот.

Во приказната се сокрива уште една тјунерска куќа од Германија, Irmscher, која исто така паралелно со развојот на Insignia имала можност да ги создава тјунерските пакети.

Тука лежи причината зошто Irmscher прв, а веднаш по него и Steinmetz на пазарот понудија комплетени китови за модификација на Insignia кои покрај каросериските модификации опфаќаат и опсежни доработки на подвозјето, управувањето и моторот.

Пакетот на Irmscher вклучува аеродинамичен кит кој ја претставува највпечатливата модификација кај Insignia, го прави автомобилот уште попривлечен и значително ја подобрува и онака одличната аеродинамика.

Китот за разубавување содржи преден спојлер поставен на долниот дел од браникот, нова предна маска обоена црно, заден спојлер и дискретен дифузор сокриен под задниот браник.

Измените кои не се видливи на прв поглед, но се чувствуваат на прво возење се однесуваат на поцврстата суспензија. Steinmetz нуди покуси и поцврсти пружини и амротизери со што значително се подобрени возните карактеристики на Insignia.

Оставена е можност сопственикот да ја менува висината на подвозјето во зависност од условите на возење. Покрај суспензијата направени се модификации и кај управувањето кое сега е подиректно.

Моќноста на моторите е зголемена само со додавање на издув со зголемен проток на гасови изработен од не`рѓосувачки челик кој завршува со две издувни цевки во форма на трапез.

Зголемувањето на перформансите на моторот, а со тоа и на автомобилот во Steinmetz не го објавуваат. Затоа пак се гордеат на новите сопирачки кои нудат поголема сопирачка моќ и на големите леснометални бандажи со дијаметар од 20 инчи од серијата ST7.

Цените на пакетот сеуште не се обелоденети.


 

 

 

Facebook