|
Најавениот малечок беснотилак од Mazda подготвен за тјунинг шоуто SEMA доаѓа на сцена и под ламарината пакува техника која според пресметките на експертите за тјунинг чини околу 100.000 долари.

За малечката Mazda Turbo2, како што гласи полното име на модификуваниот автомобил, слободно може да се каже дека е мал автомобил, но со големо срце бидејќи под хауба го пакува турбото од 2.3 литри кое го носи Mazda 3 MPS.
Тоа значи дека кон подлогата моторот испраќа мрсни 263 КС кои со оглед на тежината на Mazda Turbo2 од точно 1.000 kg се доволни и за на писта, но и за на рели како што повеќе милуваат тјунерите од Autobarn задолжени за преработката.
Погонот е на предна оска која претрпела опсежни модификации за да може без премногу губитоци да го испрати вртежниот момент на подлогата. Суспензијата ја испорачува H&R и може да се поддесува во повеќе правци.
Водилките се на Corksport и исто како и пружините и амортизерите имаат многу простор за менување на аглите на тркалата за фино дотерување во зависност од патеката, или брзинскиот испит.
Сопирањето е важен елемент кај еден тркач и затоа во Autobarn не сакале да експериментираат и му се довериле на Brembo кој испорачал масивни вентилирани сопирачки дискови од 13 инчи за напред со шест клипни сопирачки клешти.
Mazda Turbo2 е поставена на леснометални бандажи од 17 инчи кои се дело на специјалистот OZ Racing, а обуени со во гуми Yokohаma Advan со димензии 215/40 кои се подобни за на рели.
Во кабината преовладуваат тркачките кади поставени во кожа со ремени во шест точки и извезено неизбежното име на автомобилот Turbo2, а пред возачот се наоѓа мултифункционален дисплеј како кај тркачките автомобили.
Со вака подготвениот атомобил тјунерите од Autobarn сакаат да се учествуваат на трката „One lap of America” напорен осум дневен настан кој е наследник на славната трка „Cannonball Baker Sea-To-Shining-Sea Memorial Trophy Dash” чија цел беше што побрзо да се ситгне од еден до друг брег на САД.
Секако денес учесниците на „One lap of America” ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради екстремно високите казни во САД. Како и да е Autobarn очекува дозвола од Mazda за да ја пушти Mazda Turbo2 на трка преку која би се создала доволно фама за да почнат да пристигнуваат нарачки.
|