Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Перформансен кит за BMW Серија 1
26.02.2008
bmw-1-series-tii-concept-1.jpgБаварците ќе ги искористат салонот во Женева за претставување на цела серија на фабрички додатоци моделската понуда на Серија 1 кои во иднина ќе се продаваат под името BMW Performance.

Дополнителната опрема ќе биде на располагање за хечбекот со три и пет врати, купето и кабриолетот на Серија 1, а вклучува модификации на моторот, сопирачките, суспензијата, леснометлните бандажи, каросеријата и ентериерот.

За подобрување на перформансите на моторот, оние што ќе изберат некој од шест цилиндарците ќе имаат можност за вградување на нов систем за усис на воздух од карбон-фибер кој го подобрува токот и го зголемува снабдувањето на моторот. Потоа тука е и можноста за комплетно нов издув со зголемен проток кој ја подобрува ефикасноста на моторот и одзивот на педалот за гас.

Сопирањето може да се подобри со нов сет на вентилирани и бушени дискови со пречник од 17 инчи и сопирачки клешти со шест клипа обоени жолто.

Взоните својства се подобруваат со целосно нов кит на суспензија со модификувани пружини и амортизери, кои го приближуваат автомобилот до подлогата за 10 милиметри, а со тоа го снижуваат и тежиштето за што подобро лежење на патот. Како дополна се нуди и попречен носач од карбон-фибер монтиран над предните амортизери за укрутување на предниот дел.

Понатаму оние што ќе сакаат да покажат дека нивниот автомобил е поинаков од останатите на располагање се леснометални бандажи од 18 и 19 инчи, комплетен аеродинамичен кит со преден и заден спојлер, странични завеси, дифузор во задниот браник и надворешни ретровизори се од карбон-фибер.

Внатре пак на располагање се тркчки кади, алкантара, кратка рачка од менувачот и детали од карбон-фибер. Сето ова можеше да се види на концептот tii кој беше претставен на салоно во Токио.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook