Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Peugeot Bipper Beep Beep
08.12.2007
peugeot-bipper-beep-beep-co.jpgПретставен на салонот во Болоња, Beep Beep е промислено маскиран концепт на комерцијалниот ван Bipper кој е дел од големата тројка на Fiat и PSA, во која членуваат и Fiorino на Fiat и Nemo на Citrоen.

Ванот е модификуван така да личи на спортско возило со цел да се поврзе со триумфалниот тркачки болид на Peugeot со дизел мотор, 908 HDI FAP кој годинава беше севкупен победник на серијата Леман во Европа.

Обичниот Bipper ќе стартува со продажба во Европа следната година, но купувачите кои се фанатици за мотоспорт нема да можат да доплатат за концептниот ван обоен во сина, бела и црвена боја со огромни вентилирани дискови со пречник од 313 милиметри напред и 18 инчни леснометални бандажи, бидејќи единствената намена на Beep Beep е да ги краси штандовите на Peugeot на салоните за автомобили.

Штета бидејќи спортскиов ван плаче за моќниот дизелски битурбо V12 со 700 коњски сили и сигурна рака која ќе умее од него да извади максимум.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook