Никогаш не престанува да не изненадува колку луѓе
постојат на планетава за кои, еден совршен автомобил каков што е Lamborghini
Gallardo, едноставно не е доволно добар.
Тука настапуваат тјунерските куќи каква што е да речеме
Hamann и развиваат цел низ од спортски додатоци и делови за подигање на
перформансите за да го направат супер спортитстот уште посупер.
Ексклузивно создаден за Gallardo,
инженерите на Hamann создадоа пакет од додатоци кого го нарекоа „Victory”.
Тој се состои од нов преден дел украсен со интегриран
спојлер кој како кај тркачите може да се мести во зависност дали возите на пат
или на тркачка патека.
Новиот лик го комплетираат издолжувањата на браниците,
страничните завеси и модификуваниот заден браник. Од зади штрчи и крило
направено од четири дела кое може да се мести и заедно со новиот заден дифузор
го подобрива потисокот врз подлогата.
Како дополнителен детал треба да се спомене и отворот за
воздух монтиран на кровот.
Секако ваков пакет не може да мине само со надворешни
украси. За победничкиот пакет Hamann ја подобрил испораката на моќта со помош на ремапирање
на ECU и издув со голем проток.
Потоа на автомобилот му се додадени 20 инчни леснометални
бандажи на кои се поставени – ова изгледа чудно, но треба да им се верува на експертите
на Hamann – гуми Hankook.
 
|