Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Porsche 911 Turbo по видување на Sportec
08.05.2008
porsche-sportec-sp600-1.jpgГерманскиот тјунер Sportec која се занимава со модификување и доработка на моделите на Porsche на своите потенцијални клиенти им ја понуди најновата креација на база на 911 Turbo Cabrio.

Иако на прв поглед може да се заклучи дека станува збор за аеродинамичен кит со цел да се добие подобар визуелен настап, сепак на брзина донесениот заклучок мами.

Имено најважните модификации се направени под ламарината и кога ќе се притисне педалот за гас го претвораат 911 Turbo Cabrio во вистински демон на четири тркала.

Најголема вина за врвните перформанси носи специјалниот турбополнач дело на инженерите на Sportec, кој во соработка со спортскиот издув од не`рѓосувачки челик, спортските катализатори и зголемениот проток на воздух благодарение на спортскиот филтер му овозможуваат на водено ладениот боксер да испрати на сите четири тркала моќни 600 коњски сили.

За да може сета оваа снага да се пренесе на менувачот вградена e посебна спојка која доаѓа од светот на мотоспортот, а инженерите во зависност од желбата на клиентот ќе ја ремапираат и електронска управувачка единица на моторот.

Покрај моќноста од 600 коњски сили моторот во SP600, како што гласи името на доработениот 911 Turbo Cabrio, остварува максимален вртежен момент од 765 Nm кои му стојат на располагање на пилотот од ниски 3.000 вртежи и му овозможуваат да се катапултира до 100 km/h за 3,3 секунди, до 200 km/h за 10,6 секунди, а со докрај притиснат педал за гас стрелката на брзиномерот застанува на максимални 338 km/h.

Што се однесува пак до визуелниот изглед и аеродинамичките додатоци, тие се на списокот на опции и за нив се доплаќа дополнително. Па така сопственикот со изразено чувство за „андрстејтмент” може да се вози наоколу без да привлекува внимание, ако нешто такво воопшто е можно зад воланот на еден 911 Turbo Cabrio.

Сепак, јасно е дека оној што одвојува пари за тјунирање на Porsche Turbo сака да биде виден. Како помош доаѓаат леснометалните бандажи до 20 инчи посебно скроени за SP600, предниот браник со интегриран спојлер, странични завеси и големо задно крило изработено од карбон-фибер.

Доколку SP600 ви е премногу моќен во Sportec ќе ви ја понудат верзијата SP530 со малку поскромни 530 коњски сили, но доколку ви е премногу слаб, тогаш на располагање е верзијата SP680 со како што кажува името 680 коњски сили.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook