Вистинските фанови на ултра спортските автомобили сеуште
жалат заради престанокот на производство на бескомпромисната Carrera
GT, но тоа не значи дека автомобилот паднал во заборав.
Имено еден ваков технолошки бисер секогаш ќе биде
актуелен, посебно за врвните тјунерски куќи кои се дрзнуваат да го подобрат
безмалку совршеното парче автокреација. Еден од нив е и Edo
Competition.
Германскиот тјунер нуди три модификациски пакети за Сarrera
GT, која од сега по желба на купувачот можат да ја задвижуваат здрави 670,
715 или пак 770 коњски сили.
Масивното зголемување на моќноста е постигнато со
користење на модификуван усис, ремапирана ECU, спортски
филтри за воздух со зголемен проток, нови спортски катализатори, издув од
не`рѓосувачки челик со електронски контролиран вентил во вид на клапна кој се
отвара во зависност од оптеретувањето.
Сите овие модификации се развивани и тестирани на
динамометар, а подобрите перформанси се добиени со мала, но како што велат
инженерите во Edo Competition, важна заштеда од 18 килограми.
За подобро лежење на пат, пардона на патека, се грижи
суспензија поддесива по три параметри развивана во соработка со KW. Напред
дополнително се вградува и електро-хидрауличен систем против подигање на носот.
И на крај како што доликува Carrera GT е
поставена на ковани леснометални бандажи од 18 инчи обуени во гуми Michelin
Pilot Sport Cup со ширина од 345 милиметри назад.
 
|