|
17.08.2007 |
Дали би сакале сосема црна специјалнa едиција на Porsche
Cayman? Повелете. Вашето омилено Porsche со име на индиски крокодил ќе биде произведено во само
777 примероци.
Новaтa лимитирана серија на Cayman S именувана
како „Porsche Design Edition 1” ќе биде понудена само во Европа и САД.
Оваа прва едиција очигледно го следи славниот часовник на
Porsche Design, Chronograph 1s дизајниран пред 35 години од славниот
Фердинанд Александар Порше.
Токму така ова е специјална едиција за да се прослави
часовник.
Без оглед на причината за прослава нам ни се допаѓа овој
црн лик со црни ленти врз црна боја и интериер со боја на јаглен, во комплет со
кров, волан и рачката од менувачот преслечени во Алкантара. Тука е и суспензијата спуштена за 10 милиметри и
19 инчните бандажи позајмени од Turbo.
Со автомобилот добивате и актовка која содржи часовник Flat
Six Cronograph, џебно ноже, очила за сонце, пенкало и привезок за клуч и
сето тоа обоено црно вклучувајќи го и сечивото на ножот.
Е ова слободно може да се нарече врвен стил.
|