|
30.04.2007 |
Rinspeed, швајцарските специјалисти за Porsche, ja пуштија новаta програма за тјунирање на 997 Turbo, наречена Le Mans. Со двата специјални турбополнача силата порасна на 600 КС
Аеродинамичкиот кит се состои од предни сплитери од карбон, за зголемување на потисокот врз предната оска, потоа поголеми отвори за ладење на сопирачките и на ладилникот, странични прагови специјално развиени за Turbo, заден браник со интегрирани издувни цевки и секако задниот сполјер, типичен за Turbo, кој со доплата може да се изпорача и во карбонска изведба.
Швајцарските тјунери за прв пат прочепкаа и во моторот. Боксерот од 3,6 литри во верзијата Le Mans на Rinspeed развива 600 КС при 6.700 вртежи. Во тјунирањето на моторот се користени два специјални турбополнача со променлива геометрија на лопатките, нов систем за вшмукување од карбон со спортски филтри за воздух, модифицирани интеркулери и спортски издувен систем.
Со овие модификации Le Mans ќе се вброи меѓу најбрзите спортски автомобили за на улица. Спринтот до стотка трае 3,3 секунди, ознаката 200 паѓа по 10,9 секунди, а крајната брзина е 343 km/h.
Остатокот од опремата на Le Mans вклучува навојно подвозје базирано на оригиналниот систем PASM на Porsche и пазвиено во соработка со Bilstein. Сопирачките дискови се 380 х 34 mm напред и 360 х 32 mm назад, со осумклипни сопирачки клешти напред и шестклипни назад.
За непосредниот контакт со патот се грижат препознатливите дваесетинчни бандажи на Rinspeed во изведбата С5/1. Задните бандажи имаат импозантна мера, 12 х 20 инчи. Се ставаат гуми 245/30-20 на предната оска и 325/25-20 назад.
|