Американската тјунерска куќа Rhys Millen Racing подготвува масивно преработена верзија на хитот на Hyundai, Genesis Coupe кај која задните тркала ќе ги задвижува централно поставен мотор.
Како погонска опција е добран новиот V8 на Hyundai од генерацијата Tau кој има зафатнина од 4,6 литри, сериски 380 КС и е земен на заем од седан верзијата на Genesis. Секако моторот нема да остане не доработен.
Комплетната модификација на моторот ќе му овозможи на
задната оска да испрати 450 КС преку пет степен секвенцијален менувач кого го
испорачува специјалистот Mendeola.
Како што може да се забележи на фотографии опсежните
модификации на купето кое сериски има мотор напред и погон назад се во полн ек.
Задните седишта се комплетно отстранети, подот на автомобилот е отсечен и
поставени се соодветни зајакнувања на шасијата.
Модификациите го опфаќаат и потпирањето на задните
тркала. Сменети се носачите на попречните водилки и поставени се нови.
Каросеријата нема да претрпи поголеми измени освен аеродинамчките додатоци во
облик на нови браници, странични завеси и спојлери.
Во Rhys
Millen Racing одлучиле да го сочуваат стаклото на задната врата низ
кое минувачите ќе можат да фрлат поглед на моќниот мотор поставен зад предните
седишта.
Проектот Genesis сеуште е во фаза на изработка и подетални
информации околу максималната моќност, перформансите нема.
Не се знае ниту дали се работи за уникатен проект, или пак,
истиот претставува основа врз која подоцна на клиентите ќе им се нуди Genesis тјунинг-пакет.
|